Свет 22. април 2020. / 18:15

Оздраве едномесечното бебе кое беше најмладиот пациент од Ковид-19 во светот

Оздраве едномесечното бебе кое беше најмладиот пациент од Ковид-19 во светот

Едномесечното бебе од Тајланд, кое беше најмладиот пациент со корона вирус во светот е успешно излекувано од болеста, благодарение на тим лекари и употреба на коктел од антивирусни лекови.

По консултации со лекари и други медицински експерти, медицинскиот тим одлучил да користи четири антивирусни лекови за лекување на бебето.

Стратегијата што се користеше за лекување на ова дете беше терапија со лекови 10 дена. Секојдневно го прегледувавме бебето и три до пет дена после тоа рендгенските снимки покажаа знаци на постепено закрепнување – објаснува Визал Муласарт, педијатар кој го лекуваше бебето во Институтот за инфективни болести Бамсарнарадура во Бангкок.

И покрај предизвиците во лекувањето на деца под една година, поради неможноста да се применат одредени лекови, Визал вели дека симптомите кај малите деца обично се полесни отколку кај возрасните.