Свет 11. декември 2018. / 12:00

Оваа држава не сака да ги има проблемите на Макрон, па забрани купување на “жолти елеци”

Оваа држава не сака да ги има проблемите на Макрон, па забрани купување на “жолти елеци”

Поради страв, граѓаните да не ги копираат “жолтите елеци” кои протестираат во Франција, медиумите пишуваат дека властите во Египет ја ограничиле продажбата на вакви елеци до крајот на јануари.

Овој потег е направен за да се спречи опозицијата да повтори нешто слично, за време на годишнината од народното востание во јануари, кога во 2011 година е срушен претседателот Хосни Мубарак.

Безбедносните служби и трговците на мало кажуваат дека на дистрибутерите на индустриската сигурносна опрема им е наложено да не продаваат жолти елеци на обични купувачи, туку само на компании од доверба, со дозвола за купување.

Министерството за внатрешни работи на Египет не одговори на прашањата за ограничување на продажбата.