Свет 20. април 2018. / 11:12

“Отворено општество” на Сорос ја напушта Унгарија оди во Германија

“Отворено општество” на Сорос ја напушта Унгарија оди во Германија

Отворено општество“ на Џорџ Сорос, според медиумски извештаи, ја затвора својата канцеларија во Будимпешта и наместо тоа ќе отвори филијала во Берлин. Преселбата е планирана за налето, пишува австрискиот весник „Ди пресе“ на својата интернет страница.

Затворањето на канцеларијата во Будимпешта е планирано до 31 август годинава. Унгарскиот премиер Виктор Орбан го обвинува Сорос дека организирал масовно доселување на муслимански доселеници од Африка и Блискиот Исток во Европа. Институциите кои се финансирани од американскиот милијардер, меѓу нив и реномираниот Централноевропски Универзитет во Будимпешта, според тврдењата на Оран, биле само средство за постигнување на таа цел.

Унгарскиот премиер Орбан во текот на минатото лето нареди поставување плакати шриум земјата со предупредувања од 87-годишниот Сорос. Унгарската влада сака да буде усвоен и законски пакет под името „Стоп – Сорос”, насочен против работата на невладините организации во земјата.