Свет 24. август 2019. / 21:28

Отворена е најголемата џамија во Европа

Отворена е најголемата џамија во Европа

Во чеченскиот град Шали е отворена најголемата џамија во Европа, која може да прими 30.000 луѓе.Зградата на џамијата е направена од бел мермер, а на нејзиното плато може да собере до 70.000 луѓе.

На церемонијата на отворање, претседателот на Чеченската Република, Рамзан Кадиров објави дека објектот ќе биде посветен на пророкот Мухамед.