Полицијата наведе дека мигрантите, главно од Африка, ќе бидат префрлени во гимназија во регионот на Париз.
Француската полиција отстрани импровизиран мигрантски камп на североистокот на Париз, во кој беа сместени 1.500 лица. Кампот, познат и како „Милениумски шаторски камп“ се наоѓал на периферијата на француската престолнина.
Полицијата наведе дека мигрантите, главно од Африка, ќе бидат префрлени во гимназија во регионот на Париз.
Во последните три години француската полиција премести околу 28.000 мигранти од камповите во Париз, меѓутоа тоа не придонесе мигрантите да престанат да доаѓаат во главниот град на Франција.