Свет 17. септември 2018. / 17:26

Отруениот член на „Пуси рајот“ ослепен и оглувен, моментално закрепнува во Германија

Отруениот член на „Пуси рајот“ ослепен и оглувен, моментално закрепнува во Германија

Германската влада денес порача дека се надева на целосно закрепнување на критичарот на руските власти кој е во Берлин на лекување поради сомнеж од труење.

Питер Верзилов, издавач на руски онлајн вести поврзан со руската бунтовничка панк група „Пуси рајот“, изгубил вид, слух и способност да се движи, но се чувствувал подобро кога пристигнал во Берлин во саботата, објавија двајца негови пријатели во неделата.

„Ние го следиме случајот и, секако, сме загрижени за здравјето на господин Верзилов”, изјави портпаролката на германското Министерство за надворешни работи на прес-конференцијата. „Се надеваме дека наскоро ќе биде подобро и целосно ќе закрепне”.

Портпаролката на германската влада изјави дека владата била информирана за доаѓањето на Верзил во Берлин, но не била вклучена во организацијата на патувањето.