Свет 09. јули 2020. / 16:45

Откриена мрежа на интернет-измамници во Шпанија: Уапсени 94 лица за кражба на 500 илјади евра

Откриена мрежа на интернет-измамници во Шпанија: Уапсени 94 лица за кражба на 500 илјади евра

Шпанската полиција уапси 94 лица под обвинение за кражба на половина милион евра со помош на измама преку интернет, соопшти локалната полиција.

За таа цел, групата користела таканаречена СИМ размена, со која криминалците, откако го дознавале телефонскиот број на жртвата, барале реиздавање СИМ-картичката за да добијат на тој начин целосен пристап до банкарските сметки.

Полициската акција била спроведена во различни региони во земјата. Приведени се 94 лица под обвинение за измама, перење пари, вмешаност во криминални групи и фалсификување документи.

Украдената сума изнесувала 504,8 илјади евра, а само од една банкарска сметка биле повлечени 240.000 евра.