Свет 14. октомври 2019. / 22:59

Откажани летови на аеродромот во Барселона – 13 повредени во протестите

Откажани летови на аеродромот во Барселона – 13 повредени во протестите

На аеродромот во Прат во Барселона се откажани 67 предвидени летови, а тој број би можел да порасне со оглед на тоа дека демонстрантите и понатаму го блокираат аеродромот, незадоволни со пресудата на организаторите на референдумот за независност на Каталонија, соопштува операторот на шпанскиот аеродромот.

На аеродромот интервенирала и полицијата која со палки ги растеретувала демонстраторите, пробувајќи да ги спречат да влезат во внатрешноста на аеродромот, а фрлена е и димна бомба.

За време на масовните протести кои денес се одржани ширум Каталонија, 13 лица побарале лекарска помош, од кои 10 на аеродромот, соопштила локалната итна помош.

Никој не е сериозно повреден, но две лица се пренесени од аеродромот до болницата, а две лица се приведени.

Протестите избувнаа откако Врховниот суд во Мадрид осуди деветмина каталонски службеници на затворски казни меѓу девет и 13 години за бунт и употреба на јавни пари за организирање референдум за независност 2017 година, кој бил забранет од Уставниот суд и последователната еднострана декларација за независна република Каталонија.