Свет 04. ноември 2019. / 10:22

Осуммина уапсени во Виетнам поради поврзаност со „камионот на смртта“

Осуммина уапсени во Виетнам поради поврзаност со „камионот на смртта“

Виетнамската полиција уапси осум лица во врска со пронајдените 39 тела во камионот ладилник во близина на Лондон минатата недела, објавија државните медиуми.

– Врз основа на информациите што ги добиваме од осомничените, ние активно ќе започнеме истраги за борба и искоренување на тие кругови кои нелегално ги носат луѓето во Велика Британија – соопштија од полицијата.

Во петокот виетнамската полиција уапси две лица и продолжи со испрашување на уште неколку поради сомневање дека се вмешани во организиран шверц со луѓе