Најмалку осум лица загинаа во нов судир во Никарагва, соопштија денеска медиумите.
Бројот на мртви од почетокот на демонстрациите против претседателот Даниел Ортета, стигна до 200. Според податоците од Никарагванскиот центар за човекови права, во последните судири загинаа осум лица, седум во Манагва и едно во Масај.
Меѓу загинатите има и дете кое страдало од залутан куршум.
Протестите против претседателот започнаа на 18. април. Демонстрантите ги блокираат патиштата ширум Никарагва и бараат оставка од претседателот, поранешен герилец кој на власт е веќе 11 години.