Телото на основачот на организацијата „Бели шлемови“, бившиот британски воен разузнавач Џејмс Лу Месјуиер, денеска е откриено на една од улиците во Истанбул, соопшти турска телевизија NTV.
Телото е откриено од локални жители во истанбулската четврт Бејоглу, кои оделе на молитва во блиската џамија. Извршен е увид при што е утврден и идентитетот на починатиот. Притоа не биле пронајдени лични документи. Полицијата извршила распит на вдовицата на Џејмс Лу, со која тој живеел во Истанбул.
CNN соопштува дека по лицето и телото на починатиот се откриени исеченици, а констатирани биле и фрактури на екстремитетите. Моментно, истрагата се придржува кон верзијата дека смртта настапила како резултат на пад од голема висина, од прозорец или од балконот од станот во кој живеел.
Само пред неколку дена Русија го прогласи Џејмс Лу за „бивш агент“ на британското разузнавање МИ6 „со врски во терористичките организации“.
Организацијата „Бели шлемови“ (официјалното име и е „Сириска цивилна заштита“) е формирана во Сирија во 2014 година. Таа стана позната со објавувањето на интернет на снимки и видео материјали за можни хемиски напади од страна на сужилите на претседателот Башар Асад. Истовремено организацијата беше обвинета за нејзина „продукција“ на објавуваните материјали.