Свет

Орбан и Салвини: Нашите сродни политички партии наскоро ќе владеат со цела Европа

Орбан и Салвини: Нашите сродни политички партии наскоро ќе владеат со цела Европа

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини и австрискиот вицеканцелар, Хајнц Кристијан Штрахе, демонстративно застанаа со поддршка за унгарскиот премиер, Виктор Орбан.

„Убеден сум дека за неколку месеци, ќе владееме заедно со Орбан“, порача Салвини.

„Санкциите против унгарскиот народ и владата се политички чин и претставуваат лудост“, додаде тој.

Салвини и Штрахе денеска во Виена најавија понатамошна соработка меѓу Австриската партија на слободата (ФПО) и италијанската „Лига“, во контекст на претстојните избори за Европскиот парламент.

„На изборите следната година, ние целосно ќе ја промениме Европа и ги ќе истераме левичарите и глобалистите од сите европски влади“ истакна уверено Салвини.

Тој рече дека соработува со многу други партии, држави и влади, за промена на историјата на континентот следниот мај.

Штрахе истакна дека ФПО сака уште повеќе да ја продлабочи соработката со италијанската „Лига“”.

„Има многу сличности меѓу нас, ФПО и Лига и двете се во владите во своите земји, двајцата имаме одлично здравје и обајцата очекуваме инспекција на ОН која треба да го провери третманот на мигрантите во Австрија и Италија“, рече тој.