Унгарскиот премиер, Виктор Орбан во интервју еден ден по посетата на турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган на Будимпешта, рече дека сите обиди за отстраниување на турскиот претседател ќе бидат во интерес само на ,,емиграциските сили”.
–Поткопувајќи ги силата, рамнотежата, безбедноста и редот на Турција, проемиграциските сили сакаат да го остварат својот сон за тоа милиони емигранти да ја преплават Европа – кажа Орбан.
Toj додаде дека американскиот финансиер Џорџ Сорос ја зацртал таквата цел бидејќи тврди дека на Европа ѝ е потребен прилив од милион емигранти годишно.
–Сѐ додека Ердоган е на власт и Европа може да постигне договор со него, тој ќе ги отвори капиите кон Сирија, а не кон Европа. Сѐ до тогаш сме безбедни – кажа Орбан.
Претседателот Реџеп Таип Ердоган при посетата на Будимпешта кажа дека Турција ќе мора да ги отвори вратите кон Европа на сириските бегалци доколку Брисел не ѝ даде доволно поддршка на Анкара.