Свет 24. март 2020. / 22:38

Опасноста од Кина и поставувањето на македонската десница

Опасноста од Кина и поставувањето на македонската десница

Деновиве зачестено може да видиме како Кина донира медицинска опрема, лекари и останати материјали во погодените земји, иако тоа и е обврска. Пред се, поради колатералната штета што ја нанесе врз светот. На социјалните мрежи се забележува дека народот во Македонија и Србија ја дочека Кина со воздишки и аплаузи.

пишува: Стефан ВАСИЛЕВСКИ – дипломиран лекар по општа медицина и извршен директор на КонзервативМК

Тоа е сосема во ред во една ваква ситуација и не го осудувам. Но, имајќи ја во предвид позадинската игра на Кина, треба да бидеме особено внимателни. Пловејќи во непознатото, пред само неколку години ВМРО-ДПМНЕ се изгоре во геополитичката поставеност. Тоа не чинеше шарена револуција со цел промена на устав и како што гледаме идентитет. Исто така, брутална репресија врз партијата која според мене е единствен бастион на македонизмот.

Иницијативата „Појас и пат“ е мегаломански проект кој перфектно ја одразува „добрината“ на Кина. Во економскиот исход не навлагам, го оставам за стручно лице. Но, ќе навлезам со пример во „играта“ и политичката шема. Се работи за давање на поволни кредити на поавторитарни држави што би имале потешкотии да ги вратат со цел колонизација како примерот со пристаништето во Шри Ланка (инфографик).

ИНФОГРАФИК: пристаништето кое Шри Ланка до 2017 не успеа да го исплати, сега е под контрола на Кина.
ИНФОГРАФИК: Приказ на случај со Пакистан. Се очекува дека најмалку 8 држави нема да успеат да го вратат долгот кон Кина.

Слично како во Шри Ланка, се изработи проект во Пакистан кој вклучуваше патишта, железнички, нафтоводи и пристаниште. Овој коридор ќе биде долг околу 3000 км и ќе ги спојува Гвадар во Пакистан со кинескиот западен Ксинијанг регион. Проектот на Кина ќе и даден директен пристап до Индискиот океан. Со овој пристап на море, Кина полесно стигна до гас и нафта од Блискиот Исток. БДП на Пакистан во наредните години беше во најголем пораст.

Економските бенефити можеби се добри, но дали вредат во замена за колонизацијата од социјалистички режим? Режим кој последниот век не има буквално „утепано“ со пандемии, врши тортура врз домашни миленичиња и е далеку од западна цивилизирана демократија.

Коронавирус COVID-19: Дали Кина знаеше повеќе но не сподели со светот?

Политичко, научно или здравствено прашање, но секако без одговор. Дали Кина знаеше повеќе но не сподели или пак се работи за свесно лажирање на резултати со цел прикривање на случајот со коронавирус познат како SARS-CoV-2 (COVID-19).

На сликата може да се забележи објава на Светската здравствена организација каде што јасно се гледа првиот извештај на кинеските власт во однос на коронавирус „Ковид-19“. Во истражувањето се вели: „Не постојат докази дека вирусот КОВИД-19 може да се пренесе од човек на човек“. За само неколку месеци подоцна, да биде прогласена светска пандемија!

Веќе е јасно дека кинескиот вирус „Ковид-19“ ќе остави големи последици за здравјето на луѓето. Можеби меѓу најголемите во последните 100 години, уште од појавата на Азискиот грип, грипот од Хонг-Конг, Свинскиот грип па и Шпанскиот и Руски грип кои исто така во суштина потекнувал од Кина. На следниот линк, можете да погледнете визуелна презентација на сите пандемии.

Со напредната технологија и медицина, траорните здравствени последици од претходните пандемии ќе бидат одбегнати, но на економски и политички план ќе доведе до големи и тектонски промени. Глобализацијата ќе не спаси, но политичкиот глобализам како идеологија е МРТОВ! Лекција која ќе треба да ја научиме е дека граѓаните, но и државите во светот спасот го гледаат во националните институции,. Суверенизмот доминира, а најбитно од се: По завршување на пандемијата, мора да научиме и дефинитивно да запнеме да изградиме самоодржливо општество. Доста чекаме помош од страна. До тогаш, #СедиСиДома, а за крај и една комитска и поучна порака за во иднина: Стани Македонче, ова е твојот дом!