Свет 13. ноември 2018. / 10:57

Опасна киселина се излеа во Франкфурт на Мајна, граѓаните не смеат да отвораат прозорци

Опасна киселина се излеа во Франкфурт на Мајна, граѓаните не смеат да отвораат прозорци

Во германскиот град Франкфурт на Мајна денеска дошло до протекување на хлороводородна киселина.

Надлежните апелираа до жителите да бидат претпазливи и да не ги отвораат прозорците.

До протекување на киселината дошло откако се превртел камион со опасната материја. Патиштата се затворени. Пожарникарите успеаја да го стопираат протекувањето и сега ситуацијата е стабилна.