Свет 05. декември 2018. / 12:24

Опаѓа рејтингот на Макрон

Опаѓа рејтингот на Макрон

Продолжува стрмоглавиот пад на популарноста на францускиот претседател Емануел Макрон, па според најновата анкета го поддржуваат само 23 отсто од Французите.

Откако протестите на “жолтите елеци“ земаа замав, според анкетата на „Ифоп-Фидусијал“, Макрон изгубил дополнителни шест проценти од популарноста.

Истовремено, паѓа и рејтингот на премиерот Едуард Филип, и тоа од 36 отсто на 26 отсто.

Макрон по негативната стапка на популарност му се приближува на својот претходни Франсоа Оланд, кој многумина го сметаат за најмалку омилен француски лидер во модерната историја.

Оланд имаше само пет отсто поддршка пред последните избори, па одлучил да не се кандидира за наредниот мандат.

Првиот протест на “жолтите елеци“ одржан е на 17 ноември против зголемувањето на даноците за гориво и прерасна во антимакронова побуна.

Ле Пен сега повторно има поголема поддршка од Макрон, наведуваат француските медиуми.