Во извештај на ООН со назнака „доверливо“, се наведува дека Северна Кореја продолжува да ја развива својата програма за нуклеарно оружје и дека неколку земји веруваат дека „веројатно има развиено минијатурни нуклеарни уреди што можат да се вклопат во боевите глави на балистичките ракети“.
Овие земји, кои во извештајот не се именувани, веруваат дека претходните шест севернокорејски нуклеарни тестови му помогнале на Пјонгјанг да развие минијатурни нуклеарни уреди. Пјонгјанг нема спроведено нуклеарен тест од септември 2017 година.
Извештајот на независните експерти кои ги следат санкциите на САД, објавен од Ројтерс, е поднесен до Советот за безбедност на ООН.
Демократската народна Република Кореја ја продолжува својата нуклеарна програма, вклучително и производство на високо збогатен ураниум и изградба на експериментален реактор за лесна вода. Една земја-членка проценува дека КДПК продолжува да произведува нуклеарно оружје – се вели во извештајот.
Северна Кореја е предмет на санкции на ООН од 2006 година, поради нејзината нуклеарна и балистичка ракета програма.