Близу 9.500 Европејци се вклучени во онлајн петиција со барање за отповикување на судии од Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) заради утврден конфликт на интереси. Меѓу нив е и бугарскиот претставник во Судот, Јонко Грозев. Ова е содржано во извештајот на француската невладина организација Европски центар за право и правосудство.
Двајца истражувачи на Центарот откриле зависност на дел од судиите на Судот во Стразбур со невладини организации поврзани или кои гравитираат околу американскиот филантроп Џорџ Сорос, ако фондацијата „Отворено општество“ и различни клонови на Хелсиншкиот комиет пренесува legalworld.bg.
Шестмесечното истражување на двајцата француски научници Gregor Puppinck и Delphine Loiseau, утврдило дека најмалку 22 од 100 судии, кои во периодот од 2009 до 2019 година работеле во ЕСЧП, биле поранешни вработени во мрежата невладини организации финансирана од фондации на Сорос.
-Ваквата ситуација е исклучително сериозна. Таа ја става под знак прашање независноста на ЕСЧП е непристрасноста на судиите во него. Треба да се најде решение за овој конфликт на интереси, пишуваат од Европскиот центар за право и правосудство.
Авторите на извештајот очекуваат нивните откритија да послужат за подобрување на транспарентноста и на процедурите за избор на судии за Судот во Стразбур. Поддржувачите на петицијата, адресирана до Парламентарното собрание на Советот на Европа, бараат уште и воведување процедура за отповикување и предвремено одземање на мандатите на оние судии, кај кои ќе биде утврден конфликт на интереси.