Свет 15. октомври 2019. / 18:17

ОН ја поредупредија Турција дека може да одговара за воени злосторства во Сирија

ОН ја поредупредија Турција дека може да одговара за воени злосторства во Сирија

Турција се наоѓа во опасност да се соочи со обвиненија за воени злосторства поради воената акција против Курдите во Сирија, предупредија од ОН.

Светската организација ги предупреди турските власти дека мора што поскоро да спроведат независна, транспарентна и непристрасна истрага за егзекуцијата на неколкумина курдски борци и еден политичар, затоа што таквите дела би можеле да бидат окарактеризирани како воени злосторства.

– Ги повикуваме турските власти веднаш да покренат независна, транспарентна и непристрасна истрага и да ги приведат одговорните, кои би можеле да се идентификуваат од видео снимките, што сами ги објавија на социјалните мрежи – изјави портпаролот на ОН за човекови права Руперт Кловил.

Тој додаде дека снимката покажува како припадници на групата Ахрар ал Шаркија, блиска до Турција, на 12 октомври елиминира тројца курдски заробеници на автопатот помеѓу Хасака и Манбиџ. Истиот ден убиен е и курдскиот политичар Хеврин Калаф на истиот пат од страна на истата група.

– Групните егзекуции би можеле да се означат како воени злосторства. Турција како држава би можела да се смета за одговорна за повредите извршени од придружните групи, додека Турција над нив има ефективна контрола или над операциите во кои се случило прекршување на правото – посочи Колвил.