Свет 21. април 2020. / 09:55

Околу 9.6 милиони работници приватниот сектор во Франција се „парцијално невработени“

Околу 9.6 милиони работници приватниот сектор во Франција се „парцијално невработени“

Француската министерка за труд, Муриел Пенико, соопшти дека 787.000 претпријатијата ја искористиле можноста која ја овозможуваат законските одредби донесени поради кризата предизвикана од епидемијата на корона вирус, да пратат 9,6 милиони вработени од приватниот сектор на „парцијална невработеност“.

Тоа се речиси половина од вработените во приватниот сектор. Инаку, 787.000 претпријатија побараа пристап до овие мерки поради забавувањето на економските активности во земјата, посебно во секторот на трговијата, сместувањето и рестораните, но исто така и во механичарските автомобилски работилници и градежништвото.

Некои од вработените продолжуваат со професионалноста активност со целосно работно време и работат на оддалеченост.

Според министерката за труд, кога ќе бидат укинати мерките за ограничување ќе треба да се „миксира“ работата на работното место и од дома со цел да се дозволи ротација на екипите и почитување на социјалната физичка дистанца. Таа, исто така, посочи дека се подготвуваат водичи за претпријатијата за излез од кризата, посебно за почитување на мерките за физичка дистанца и заштита на вработените.