Свет 05. април 2020. / 08:00

Околу 600 француски војници се заразени со корона вирусот

Околу 600 француски војници се заразени со корона вирусот

Министерката за одбрана на Франција, Флоранс Парли соопшти дека околу 600 припадници на француската војска се заразени со корона вирусот, но дека капацитетот на француската армија да ги извршува своите мисии не е засегнат.

– Имаме 600 војници со Ковид-19. Ова е моменталната бројка, бидејќи таа еволуира. Ние го следиме ова многу внимателно и соодветно ги прилагодуваме нашите системи. Но нашата оперативна позиција не е засегната – нагласи Парли, притоа потсетувајќи дека едно граѓанско лице кое работело за Службата за инфраструктурна одбрана починало пред неколку дена од корона вирусот.

Министерката посочи дека во Сахел во Африка, каде што оваа недела беа потврдени првите четири случаи на корона вирус меѓу војниците на анти-џихадистичката операција „Баркхане“, било забележано дека случаите на Ковид-19 почнале да се зголемуваат.

– Сепак, нашите сили остануваат фокусирани на нивните анти-џихадистички борбени мисии, а Баркхане, која мобилизира 5.100 француски војници во Сахел, е успешна – порача министерката.

Осврнувајќи се на повеќекратните придонеси на вооружените сили во борбата против епидемијата која веќе предизвика 6.500 смртни случаи во Франција, Парли особено потенцира дека во оваа фаза, без разлика дали во Франција, кон Германија, Луксембург или Швајцарија, војскате префрлила 64 пациенти од Гранд Ест, чии болници се со преполн капацитет, во помалку погодени региони.