Свет 19. јуни 2018. / 12:43

Околу 130 луѓе се водат како исчезнати при потонување на траект во Индонезија

Околу 130 луѓе се водат како исчезнати при потонување на траект во Индонезија

Над 128 луѓе се водат како исчезнати по вчерашното потонување на траект во езерото Тоба во Индонезија.

Траектот пловел по многу лоши временски услови.

– Голем број од луѓето пријавија дека исчезнале нивните роднини, потребно е време да стигнеме до жртвите, изјави претставник на индонезиската Служба за спасување.

Претходно властите соопштија дека на фериботот имало најмалку 80 луѓе, при што едно лице загинало, а 18 се спасени.

Езерото Тоба е популарна туристичка дестинација во северниот дел на иноднезискиот остров Суматра.