Свет 19. јануари 2021. / 22:03

Околу 10 милиони деца загрозени поради недостиг на храна во Авганистан

Околу 10 милиони деца загрозени поради недостиг на храна во Авганистан

Околу 10 милиони деца во Авганистан се загрозени поради недостиг на храна, соопшти денеска хуманитарната организација „Save the Children“ и побара 1,3 милијарди долари донации како помош.

За повеќе од 18 милиони Авганистанци, вклучувајќи 9,7 милиони деца, има огромна потреба од основни средства за живот, а најмногу храна, се наведува во соопштението на организацијата.

Хуманитарната организација побара 1,3 милијарди долари донации како помош во 2021 година, а нејзиниот директор во Авганистан, Крис Ниаманди порача дека во таа земја населението моментно тројно страда, поради насилните судири, сиромаштијата и пандемијата на Ковид-19.

Тоа е очајно лоша ситиуација, на која и е потребно итно внимание од меѓународната заедница, истакна Ниаманди.