Државата која пред неколку минути беше обоена во сино, штотуку ја смени својата боја во црвено и се поверојатно е дека Доналд Трамп ќе ги добие 18-те поени кои би можеле да се покажат како клучни!
Водството од неколку стотици илјади гласови во кое уживаа Демократите и поддржувачите на Џо Бајден, се покажа дека не е недостижно. На 80% преброени гласови, Трамп успеа да стигне до водство од околу 240,000 гласови, нешто што е малку веројатно да се промени до објавата на конечниот резултат.
Моменталната ситуација ни кажува дека Доналд Трамп води во речиси сите држави кои се непредвидливи и константно ја менувале својата боја, што дополнително ги зголемува неговите шанси за добивање на втор мандат.