Свет 29. мај 2018. / 12:04

Огромен пожар во најголемиот забавен парк во Германија – има повредени (ФОТО+ВИДЕО)

Огромен пожар во најголемиот забавен парк во Германија – има повредени (ФОТО+ВИДЕО)

Голем пожар избувна во еден од најпопуларните забавни паркови во Европа во саботата, каде биле евакуирани над 25.000 посетители.

Седум пожарникари биле повредени додека се обидувале да го изгаснат пожарот во паркот Европа, во градот Руст, Германија.

Пожарот го уништил делот – Пиратите на Батавија, каде посетителите имаа можност да се возат со бротчиња.

И покрај предизвиканата штета, паркот наредниот ден повторно бил отворен.

Истагата за причината која го предизвика пожарот е во тек.