Свет 25. јули 2018. / 22:55

Огромен пожар на Филипините голтна домови на 25 илјади луѓе (ВИДЕО)

Огромен пожар на Филипините голтна домови на 25 илјади луѓе (ВИДЕО)

Најмалку 25 илјади луѓе останаа без своите домови во огромен пожар на јужен филипински остров, познат како упориште на милитантите поврзани со Исламска држава, соопштија денес филипинските власти.

Пожарот уништил најмалку три и пол илјади куќи во градот Јоло, илјада километри јужно од главниот град Манила, соопштија градските власти.

Си-ен-ен објави дека најмалку едно лице загинало во пожарот, кој бил „поразорен од судирот на војската и исламистичките сепаратистички бунтовници во 1974 година кога градот бил претворен во урнатини“, изјави градоначалникот Керкхар Тан.

 

Првичната истрага покажала дека пожарот почнал од локален бар и брзо се проширил на куќите, главно изградени од лесни материјали.

Островот Јоло е познат како жариште на радикалната исламистичка група Абу сајаф, која е одговорна за некои од најстрашните терористички напади во историјата на Филипините.

Лидерот на групата, Иснилон Хапилон, беше убиен минатата година во градот Марави, кој стотици сојузници на Исламска држава го држеа под опсада пет месеци.

Над 1.200 луѓе, вклучувајќи 47 цивили, беа убиени во опсадата која речиси целосно го уништи градот. Се проценува дека околу 230 илјади жители и понатаму се раселени од своите домови во Марави и соседните градови.