Свет 26. јуни 2018. / 10:03

Огнот голта се пред себе, жителите бегаат од домовите: Вонредна состојба во Сан Франциско (ВИДЕО)

Огнот голта се пред себе, жителите бегаат од домовите: Вонредна состојба во Сан Франциско (ВИДЕО)

Повеќе од стотина куќи и бизнис објекти се загрозени во северна Калифорнија, откако за време на викендот избиле шумски пожари, кои поттикнати од ветер приморале илјадници жители да ги напуштат своите домови на руралните подрачја северно од Сан Франциско.

Околу 3.000 жители се евкуирани од домовите во Округот Лејк, на 193 километри северно од Сан Франциско, пренесува АП.

Шефот на пожарникарната бригада Џонатан Кокс вели дека 230 пожарникари, со помош на хеликоптери, булдожери и друга опрема, се обидуваат да го стават пожарот под контрола.

Не е утврдена причината за ниеден од пожарите, напоменува американската агенција.