Свет 18. мај 2020. / 11:18

Официјално десетина, неофицијално педесетина, загинати во бомбашки напад во Авганистан

Официјално десетина, неофицијално педесетина, загинати во бомбашки напад во Авганистан

Најмалку 10 лица загинале, а преку 40 се повредени во експлозија на автомобил-бомба во источниот авганистански град Газни.

Како што соопшти портпаролот на гувернерот на провинцијата Газни, целта на бомбашкиот напад била зградата на авганистанската разузнувачка служба.

Повеќето од загинатите биле војници, а неофицијални информации јавуваат за преку 56 жртви.

Нападот е извршен во време на растечко насилство во Авганистан и покрај договорот меѓу талибанците и САД за заминување на странските трупи од државата до средината на 2021 година.