Свет 17. јуни 2020. / 21:15

Официјална истрага: Над 3.000 деца сексуално злоупотребени од свештеници во Франција

Официјална истрага: Над 3.000 деца сексуално злоупотребени од свештеници во Франција

Посебно формирана Комисија соопшти дека во француската Католичка црква од 1950 година до сега, најмалку 3.000 деца биле жртви на сексуална злоупотреба.

Како што соопштија од Комисијата, веројатно е реалниот број да е многу поголем.

Претседателот на Комисијата, Жан-Марк Саув, изјави дека прелиминарните бројки сугерираат дека околу 1.500 свештеници и други црковни службеници биле вклучени во сексуалното злоупотребување на деца.

Комисијата беше формирана минатиот јуни на барање на француските владици по серија случаи на педофилија што ја потресео Црквата во Франција.

Саув информира дека на линија за жртви биле пријавени 5.300 повици само во текот на изминатата година.

Бројот на проценети жртви претставува повеќе од 40 случаи годишно во просек во последните седум децении.

Длабоко сум убеден дека има многу повеќе жртви – рече Саув.

Повикот за сведоци и жртви е продолжен до 31 октомври и истрагата на црковните архиви продолжи откако беше суспендирана за време пандемијата на корона вирусот.

Комисијата предводена од Саув, кој е висок државен службеник, вклучува правни експерти, доктори, историчари, социолози и теолози.