Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун заздравува по операцијата на срцето.
Како што објавија јужнокорејските медиуми, официјален Сеул потврдил дека во Северна Кореја не се забележани невообичаени активности.
„Дејли НК“, портал со седиште во Сеул, што го уредуваат дезертери од Северна Кореја, вчера објави дека Ким по операцијата на срце извршена на 12 април заздравува во вила во Хујангсан и е под лекарска контрола.
По информациите дека Ким Џонг е во тешка здраствена состојба, неименуван американски разузнавач тврди дека САД имаат опсежен план за справување со очекуваната криза од масовни размери во Северна Кореја.
Тој за „Фокс њуз“ наведе дека при евентуална смрт на Ким, Северна Кореја ќе се соочи со голема хуманитарна криза, милиони луѓе би останале без храна, што би покренало масовен егзодус во Кина.
Според него, американскиот план во голема мера се потпира на Кина, која би помогнала во контролирање на ситуацијата во Северна Кореја.