Британскиот министер за здравство Мет Хенкок оцени дека бројот на случаи на новиот коронавирус веројатно ќе биде многу поголем од досега потврдените.
– Сите жртви досега беа од континентална Кина. Меѓутоа, ова е ситуација која брзо се развива и бројот на смртни случаи и на заболени веројатно ќе биде поголем од досега потврдените – истакна Хенкок во британскиот Парламент.
Хенкок потсети дека засега мал број заболени има во други држави, меѓу кои и Тајланд, Јапонија, Јужна Кореја, Тајван и САД.
Кина затвори два града, кои се епицентар на новата епидемија на коронавирус, од кој починаа 17 луѓе, а заразени се близу 600. Затворањето на градовите значи и запирање на јавниот транспорт, вклучувајќи железници и аеродроми.