Свет 03. август 2018. / 14:42

ОЕБС: Во источниот дел на Украина во конфликти загинаа 160 луѓе

ОЕБС: Во источниот дел на Украина во конфликти загинаа 160 луѓе

Повеќе од 160 лица загинаа од почетокот на годината во конфликтите во источниот дел на Украина, соопшти денеска Организацијата за европска безбедност и соработка (ОЕБС).

Александар Хјуг од набљудувачката мисија на ОЕБС им кажа на новинарите вчера во Донецк дека само во јули загинаа седум луѓе во конфликтите во Украина.

Тој рече дека ситуацијата во регионот Донбас е „нестабилна и непредвидлива”.

Во судирите во источниот дел на Украина, од април 2014 година починале повеќе од 10 000 луѓе.

Иако во 2015 година е постигнат мировен договор, кој вклучува прекин на огнот, повлекување на оружјето од линијата на фронтот и уставни реформи, примирјето постојано се крши со меѓусебни обвинувања на спротивставените страни, украинската армија и проруските бунтовници.