Свет 29. мај 2018. / 22:05

Одложено формирањето на влада во Италија, на Котарели му треба уште време

Одложено формирањето на влада во Италија, на Котарели му треба уште време

Мандатарот за состав на нова, технократска италијанска влада, Карло Котарели, поранешен претствник на ММФ, за кого се очекуваше дека на претседателот на Италија, Серџо Матарела, ќе му го поднесе списокот со министри, по еден час излезе од претседателството без коментар, неочекувано одложувајќи го формирањето влада, пренесуваат италијанските медиуми.

Портпаролката на претседателот на државата, рекла дека Матарела и Котарели повторно ќе се сретнат утре и дека на Котарели му е потребно повеќе време да го оформи кабинетот.

Популистичките партии, кои освоија најмногу гласови на изборите во март, најавија дека ќе гласаат против технократската влада, за време на гласањето доверба, а тоа ќе ја принуди Италија на нови избори, кон крајот на летото или почетокот на есента.