Свет 09. декември 2019. / 19:00

Од Турција во Франција депортирани 11 припадници на Исламска Држава

Од Турција во Франција депортирани 11 припадници на Исламска Држава

Турција депортираше 11 француски државјани за кои постои сомневање дека се членови на ИД, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

За „странските терористички борци“ се вели дека биле вратени во матичната земја, но нивните идентитети не се наведени.

Минатиот месец Анкара го засили процесот на враќање на лицата за кои постои сомневање дека се странски припадници на ИД од турските затвори или од Сирија, со изговор дека Турција „не е хотел“ за странски борци.

Депортирани се повеќе од 60 такви странци, вклучително и осомничени припадници на ИД од САД, Данска, Германија, Ирска и Холандија.