Свет 26. мај 2020. / 11:00

Од први јули странските туристи ќе патуваат во Шпанија без карантин

Од први јули странските туристи ќе патуваат во Шпанија без карантин

Шпанија од 1 јули ќе го укине двонеделниот карантин за странските туристи што ќе пристигнат во земјата.

Шпанската министерка за надворешни работи Аранча Гонзалез Лаја на својот профил на Твитер напиша: „Најлошото е зад нас“ со емотикони бикини, очила за сонце и куфери.

Во јули, постепено ќе ја отвориме Шпанија за странските туристи, ќе го укинеме карантинот, ќе ги обезбедиме највисоките здравствени стандарди. Со нетрпение очекуваме да ве угостиме – напиша Гонзалез на Твитер.

На баровите и рестораните во Мадрид и Барселона од вчера им е дозволено да работат во надворешниот дел и со половина капацитет, но многумина остануваат затворени прашувајќи се дали тоа ќе биде профитабилно за нив.