Франција додаде 15.797 нови случаи со Ковид-19 во текот на изминатите 24 часа, со тоа вкупниот број на случаи со коронавирус регистрирани во земјата за прв пат надмина 500.000, откриваат во петокот здравствените власти на земјата, пренесува Франс24.
Од почетокот на пандемијата, Франција регистрира 513.034 случаи на новиот вирус. Во меѓувреме, бројот на смртни случаи предизвикани од болеста се зголеми за 56 од претходното ажурирање и вкупно изнесува 31.661. починато лице.
Здравствените власти додадоа дека стапката на позитивност на тестовите во земјата во моментов изнесува 6,9%.
Шпанија, на почетокот од месец септември годинава, стана прва држава во Западна Европа која надмина половина милион заразени со Ковид-19,