Еден од најголемите европски историски музеи Зелен трезор во Дрезденскиот замок, ограбен е рано утрото во понеделникот, а крадците однеле колекција вредна повеќе од една милијарда евра, соопшти полицијата.
Украдена е историската колекција на антички накит, пренесува Дојче Веле.
Во овој музеј се чува една од најголемите колекции на накит, а според кажувањето на полицијата крадците влегле во историскиот дел од музејот, кој се состои од два дела, во кој се чувало богатството од периодот на Аугуст Втори до 1733 година и новиот оддел во кој се чуваат богатства на поединци.
Засега не е објавено што точно е изнесено од колекцијата.
Според пишувањето на германски Билд во музејот дошло до прекин на снабдувањето со електрична енергија и најверојатно станува збор за саботажа.