Свет 11. декември 2020. / 10:46

Од лични причини извршниот директор на Ферари неочекувано ја напушти компанијата

Од лични причини извршниот директор на Ферари неочекувано ја напушти компанијата

Извршниот директор на Ферари, Луис Камилери ја објави својата одлука да ја напушти функцијата во италијанската компанија. Тој веќе ја поднел оставката и веднаш ја напушта Скудерија, како што вели – од лични причини.

Неговите должности привремено ќе ги преземе претседателот на Ферари Џон Елкан, а одлуката за назначување нов човек на оваа функција ќе ја донесе подоцна одборот на директори.

Неговата одлука е големо изненадување за бордот на директори.

Камилери стана извршен директор на Ферари во јули 2018 година, непосредно пред смртта на Серџо Маркионе. Тогаш Џон Елкан ја презеде претседателската функција.