Свет 07. септември 2020. / 21:09

Од денеска почна исплатата на 300 евра за секое дете во Германија

Од денеска почна исплатата на 300 евра за секое дете во Германија

Од денеска почна исплатата на 300 евра за секое дете во Германија. Тоа е само една од мерките од спасувачкиот пакет договорен во јуни за справување со пандемијата. Речиси 18 милиони деца ќе добијат додаток од 300 евра.

Додатокот е дел од огромен пакет мерки за справување со кризата предизвикана од коронавирусот. Станува збор за 300 евра, при што 200 евра ќе бидат исплатени во септември, а останатите 100 евра – во октомври.

Барања за примање на парите не се поднесуваат – плаќањето е автоматско. Единствениот предуслов за добивање на износот е да се користеле детски додаток најмалку еден месец оваа година – односно бонус од 300 евра ќе добијат родителите чии деца ќе се родат до крајот на годината.