Свет 18. мај 2020. / 11:11

ОБСЕ предупредува на можно зголемување на корупцијата поради пандемијата

ОБСЕ предупредува на можно зголемување на корупцијата поради пандемијата

Финансирањето за итни случаи, насочено да помогне за опоравување од економскиот пад предизвикано од пандемијата, веројатно ќе ја поттикне корупцијата низ цела Европа, предупредува Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Во нивна изјава се нагласува дека криминалците се многу прилагодливи во кризни ситуации и ќе најдат начини да применуваат измами за помош.

Државите погодени од пандемија во блокот 57 држави на ОБСЕ ќе бидат дополнително соочени со корупцијата во наредните месеци. Се сомневаме дека во наредните месеци ќе бидеме сведоци на многу поголема корупција, изјави Томас Гремингер за австриската новинска агенција АПА.

Според него криминалците брзо се прилагодуваат на слабостите на социјалните системи предизвикани од коронавирус кризата и  дека трговијата со луѓе исто така веројатно ќе се зголеми.