Свет 14. април 2020. / 14:04

Обраќањето на Макрон за епидемијата го следеле рекордни 36,7 милиони Французи

Обраќањето на Макрон за епидемијата го следеле рекордни 36,7 милиони Французи

Телевизиското обраќање на Емануел Макрон постигна апсолутен рекорд на гледаност, откако го гледале 36,7 милиони Французи, односно 94,4 отсто од сите гледачи.

Овој апсолутен рекорд на гледаност е поголем и од финалето на Светското првенство во фудбал. Во Париз за време на говорот е забележано и намалување на потрошувачката на вода.

При ова обраќање, францускиот претседател соопшти дека мерките на ограничување ќе траат до 11 мај.

Претходното обраќање на 12 март го следеле 25 милиони гледачи, додека на 16 март 35,3 милиони, а директното обраќање од болницата во Mулуз на 25 март 24 милиони Французи.