Додека во претходните часови шансите на двата кандидати повремено растеа и опаѓаа, моменталните коефициенти се повеќе се прилагодуваат на можната победа на Доналд Трамп.
Онлајн обложувалницата 1Xbet, во овој момент на републиканскиот кандидат му дава коефициент од 1.25, додека коефициентот за победа на Џо Бајден е во постојан раст и во овој момент изнесува 3.75.
Трамп во последните неколку минути успеа да го преземе водството во Охајо, Пенсилванија, Мичиген и Тексас и се поверојатно е дека мнозинството од критичните и непредвидливи држави ќе паднат во негови раце и ќе го осигураат патот за негов втор мандат.