Северна Кореја тврди дека уништи полигон за нукларни проби, во присуство на странски новинари.
Тие уништиле три оперативни тунели заедно со придружните структури, пренесе дописник на Раша Тудеј Игор Жданов, кој бил на лице место.
Северна Кореја, наводно на таа локација извела шест нуклеарни проби, а ова уништување би требало да ја претставува посветеноста на Пјонгјанг на денуклеаризацијата до која доаѓа по самитот одржан во април по средбата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и неговиот јужнокорејски колега Мун Џае Ин.
Само неколку часа по уништувањето на полигонот, американскиот претседател Доналд Трамп го откажа самитот со Џонг Ун, кој беше закажан за 12 јуни во Сингапур.