На претседателот Доналд Трамп му бил испратен пакет кој содржел отров рицин, пренесува Си-Ен-Ен.
За овој случај известиле двајца полициски службеници. Направени се два теста за да се потврди присуството на отвровната супстанца. ФБИ и тајната служба го истражуваат случајот.
Целата пошта која приситгнува во Белата Куќа најпрво се прегледува надвор од објектот, пред да се однесе во претседателската резиденција.
Рицин е високо токсично соединение од семето рицинус кое се користи на терористички завери. Може да се користи во облик на прашок, капсули, дим и киселина.
Ако се конзумира, предизвикува мачнина, повраќање, внатрешно крварење на цревата, предизвикува откажување на црниот дроб, бубрезите и настапува смрт поради пореметување на циркулацијата.