Свет 01. ноември 2018. / 12:45

Обид за убиство на Антарктикот: Поради бизарна причина сакал да го убие колегата

Обид за убиство на Антарктикот: Поради бизарна причина сакал да го убие колегата

Рускиот инженер Сергеј Савицки го нападнал својот колега Олег Белогузов во руската станица „Белинсхаузен“ на Антарктикот, бидејќи му го открил крајот на книгата.

Руските инженери Сергеј Савицки и Олег Белогузов станаа главна тема во светските медиуми по кавгата која можела да заврши дури и со смртен исходот. Она што многумина ги изненади е причината зошто овие двајца колеги се скрале.

Со оглед на тоа што и двајцата многу сакале да читаат книги, а Олег имал иритирачка и постојана навика да го открие крајот на книжевното дело, Сергеј не успеал да го исконтролира својот бес и го нападнал колегата.

Како што пишуваат руските медиуми, на 9 октомври во руската станица „Белинсхаузен“, тој го нападнал Белогузов со нож со намера да го убие.

Савицки е депортиран во Русија и во моментов е во куќен притвор каде што чека судење, а како што пренесуваат руските медиуми, по инцидентот тој рекол дека му е многу жал што настанала таква ситуација. Исто така, открил дека алкохолот влијаел на неговата психичка состојба.

Белогузов е надвор од животна опасност, а по нападот веднаш бил пренесен во Чиле со убодна рана во градите. Ножот му го повредил срцето поради што завршил на интензивна нега, но е надвор од животна опасност.

Инаку, колегите од мисијата на Антарктикот минале неколку години заедно на изолирана локација и се страсни љубителите на книгите. Освен времето за читање, вработените во руската станица на Антарктикот имаат и други видови забава – имаат пристап до руски ТВ-канали, спортска сала и библиотека.

Сергеј Савицки влезе во историјата како прв човек обвинет за обид за убиство на Антарктикот.