Свет 06. ноември 2020. / 18:57

Обид за атентат врз претседателот на Боливија!

Обид за атентат врз претседателот на Боливија!

За време на состанок во седиштето на политичката партија чиј припадник е претседателот на Боливија, Луис Арсе, бил фрлен динамит.

На седиштето на партијата на новиот претседател на Боливија, Луис Арсе, бил фрлен динамит во моментот кога внатре во тек бил состанок, но, за среќа, никој не бил повреден.

Инцидентот се случил откако опозициските групи започнале штрајк поради резултатите од претседателските избори одржани на 18-ти октомври со цел парализирање на државата неколку дена пред инаугурацијата на Арсе.

Портпаролот на Движењето за социјализам, Себастијан Мичел, по овој инцидент ги критикуваше безбедносните служби затоа што не го штителе новоизбраниот претседател, пренесуваат светските медиуми.

Поранешниот боливиски претседател Ево Моралес на Твитер го осуди нападот и истакна дека мали групи се обидуваат да креираат клима на збунетост и насилство, но дека нема да успеат во тоа.

Арсе победи на изборите обезбедувајќи 55,1 процент од гласовите. Главен противник му беше Карлос Меса, кој доби 29 проценти од гласовите.