Свет 08. јули 2019. / 10:51

Ново истражување на ДНК ги потврди пишувањата во Библијата: Палестинците немаат никаква поврзаност со Израел

Ново истражување на ДНК ги потврди пишувањата во Библијата: Палестинците немаат никаква поврзаност со Израел

Премиерот на Израел Бенџамин Нетанјаху на Твитер пренесе студија според која новото истражување на ДНК го потврдува тоа што го пишува во Библијата дека античките Филистинци по потекло се од од јужна Еворпа, пренесе Ерусалим Пост.

– Новата студија за ДНК од антички Филистинец од израелскиот град Ашкелон, потврди тоа што го знаевме од Библијата – дека потеклото на Филистинците е од јужна Европа. – напиша Нетанјаху цитирајќи дел од истражувањето објавено минатата недеа од Леон Леви Експедицијата во Ашкелон, кое потврди дека античките луѓе најмногу познати по нивниот библиски конфликт со Израелците се мигрирале во тој регион во 12 век пред новата ера.

Копањето во Ашкелтон траело 30 години, а за тоа време биле откриени Хананејци, рани Филистинци и доцни Филистинци.

– Сега почнуваме да ја разбираме приказната што ја кажуваат овие коски. – кажа Даниел М. Мастер, директор на Леон Леви Експедицијата во Ашкелон.

Тимот користел најсофистицирани ДНК технологии на примероците од античките коски, откопани помеѓу 1985-2016 година. Анализирајќи ги, за прв пат, беа откриени многу податоци за луѓето кои живееле во Ашкелон за време на Бронзената и Железната доба (пред околу 3600 до 2800 годни). Тимот откри дека значителен дел од нивното потекло е изведен од европско население. Ова европско потекло било воведено во Ашкелон околу времето на приближувањето на Филистејците во 12 век пред нашата ера.

– Библијата го споменува местото наречено Кафтор, кое најверојтно е модерен Крит. – Нетањаху напиша на Твитер и додаде дека нема никаква поврзаност помеѓу античките Филистинци и модерните Палестинци, чии предци дојдоа од Арапскиот Полуостров во земјата Израел илјадници години подоцна.

Според Библијата, земјата на Филистинците беше во југозападен Левант, составена од пет градови-држави Газа, Ашкелон, Ашдод, Екрон и Гат, од Вади Газа на југ до реката Јаркон на север. Подоцна, од Грците, оваа земја беше наречена Палестина.

– Палестинската поврзаност со земјата Израел не е ништо во споредба со 4000 годишната конекција која Евреите ја имаат со земјата. – заклучи Нетанјаху.