Свет 01. декември 2018. / 21:19

Новиот претседател на Мексико положи свечена заклетва

Новиот претседател на Мексико положи свечена заклетва

Новоизбраниот претседател на Мексико, Андрес Мануел Лопес Обрадор, положи свечена заклетва во Парламентот и официјално ја презема функцијата, објави агенцијата Франс прес.

Левичарскиот претседател денеска го започна шестгодишниот мандат, со ветување дека ќе изврши длабоки промени во Мексико, каде владее насилство, корупција и сиромаштија.

65-годишниот Обрадор победи на претседателските избори на 1 јули, по две неуспешни кандидатури. Неговиот претходник, Енрике Пења Нието ја напушти функцијата со рекордно низок рејтинг. Тој не успеа да ја смали стапката на убиства во земјата, ниту пак да се избори со илјадниците мигранти, така што овие две горливи прашања ќе останат да ги решава ново избраниот претседател, пишуваат тамошните медиуми.