Свет 03. јули 2018. / 11:26

Новиот мексикански претседател вети: Мафијата ќе замине од власта

Новиот мексикански претседател вети: Мафијата ќе замине од власта

Левичарот Андрес Мануел Лопес Обрадор (64), поранешен градоначалник на Мексико Сити, познат како Амло, стана нов претседател на Мексико, ветувајќи дека ќе работи на „длабинска трансформација“ на земјата и дека ќе ја исфрли мафијата од владејачките структури.

После една од највалканите кампањи во последните децении во која повеќе од 130 политички кандидати и партиски активисти биле убиени, со победата на Обрадор од власт се симнати две партии кои владееле со Мексико скоро 100 години. Новиот претседател нив ги нарекувал „мафијашки власти“.

Обрадор, после две неуспешни обиди да стане претседател, триумфирал освојувајќи 53 проценти од гласовите, два пати повеќе од противкандидатот кој бил после него. Неговата коалиција веројатно ќе го има мнозинството во долниот дом на парламентот, па дури и во Сенатот.

Левичарот, го смирил финансискиот сектор ветувајќи дека ќе ја почитува автономијата на Банката на Мексико, дека ќе оддржува финансиска и фискална дисциплина. Тој рекол дека сите договори за енергетската реформа ќе бидат прегледани поради евентуална корупција и незаконско постапување, но нема да има конфискација.

Мнозинството Мексиканци биле гневни на претходниот претседател Енрике Пења Нијето, поради лошата економска ситуација, корупцијата и криминалот. Право на глас на овие избори имаа 88 милиони Мексиканци.