Саудиска Арабија подготвува два извештаи , кои треба вечерва да ги прати во САД во врска со убиството на новинарот на Вашингтон Пост .
Новинарот Џамал Кашоги бил жртва на ,,неспретно испитување” , се наведува во извештајот , објавуваат турските медиуми повикувајќи се на дипломатски извори. Претходно вечерва во конзулатот на Саудиска Арабија влезе тим од турски истражители , кои се сомневаа дека Кашоги е убиен во конзулатот.
Овие наводи беа отфрлени од страна на Саудиска Арабија , која по цели две недели дозволи истрага за исчезнувањето на новинарот.
53 – годишниот новинар на 2 октомври влегол во конзулатот за да извади документи за венчавка со турска државјанка и од тогаш му се губи трагата. Кашоги беше познат како остар критичар на Саудиска Арабија и на членовите на кралското семејство.
Турските власти денеска објавија дека имаат аудио снимка на која се слуша дека Кашиги е убиен , а снимките ги предадоа во Саудиска Арабија и во САД.
Претседателот на Турција , Реџеп Таип Ердоган минатата недела рече дека лично ќе се заложи во истрагата за исчезнатиот новинар на Вашингтон Пост.